Кандидатот за претседател на државата од Нова Демократија, Имер Селмани, денеска ја претстави својата изборна програма на митинг во Охрид.

Имер Селмани
Тој ја побара поддршката од охриѓани, за како што рече, да ја оствари визијата за подобра иднина на сите граѓани во Макдонија.
-Ќе ја го вложам целото мое искуство од политиката и бизнисот и одговорно ќе работам Македонија да ја направиме посреќна, економски просперитетна и меѓународно интегрирана држава, рече Селмани
На митингот што се одржа во преполната сала на Центарот за култура, се обрати и кандидатот за градоначалник на Охрид од Нова Демократија, Васфи Доко.

Васфи Доко
-Ќе бидам градоначалник на сите граѓани и ќе работам посветено на равојот на Охрид како туристички центар во кој се испреплетуваат вековни цивилизациски вредности, рече Доко. Тој најави дека негова заложба ќе биде рамномерен развој на сите населби во Општината.
Изборниот караван на Нова Демократија денешните активности ќе ги заокружи со митинг во Кичево.
Нова Демократија ја претстави својата изборна програма на митинг во Охрид












