„Империја“ на Влатко Лозаноски и Есма Реџепова, ќе биде песната со која земјава ќе се претстави на „Евросонг 2013, кој оваа година ќе се одржи во Малме, Шведска.
Музиката и аранжманот се на авторите Симеон Атанасов и Дејан Момироски, а текстот е потпишан од Борче Нечовски.
Видео записот и премиерата на песната, официјално беа промовирани во студиото на Македонската телевизија, а Лозаноски и Реџепова ќе настапат во втората полуфинална вечер која ќе се одржи на 16-ти мај.
OhridNews












