Нероазурите на домашен терен не успеаа да го совладаат далеку послабиот Каљари играјќи без победник 1-1. Аквафреска му донесе предност на гостинската екипа додека на десет минути до крајот од мечот најдобриот играч на Интер во оваа сезона Ибрахимовиќ ги постави конечните 1-1.  Во првиот натпревар од 18-то коло петтопласираната Џенова со убедливи 3-0 го совлада Торино.


Резултати: Џенова – Торино 3-0, Интер – Каљари 1-1

Денес играат:
15:00 Болоња – Киево, Наполи – Катанија, Палермо – Аталанта, Јувентус – Сиена, Реџина – Лацио, Удинезе – Сампдорија, Фиорентина – Лече

20:30 Рома – Милан

Табела: Интер 42 бодови, Јувентус 36, Милан 33, Фиорентина 32, Џенова 32.

Депортиво на Риазор имаше предност од еден гол и играч повеќе исклучен беше Мареска, но со погодоците на Луис Фабијано и Ренато екипата на Севиља го сврте натпреварот а на истекот од регуларните 90 минути Диего Капел да ја запечати судбината.



Резултати: Депортиво – Севиља 1-3, Валенсија – Виљареал 3-3

Денес играат:
17:00 Гијоњ – Ваљодолид, Атлетико М. – Атлетико Билбао, Мајорка – Реал Мадрид, Бетис – Малага, Нумансија – Гетафе, Сантадер – Рекреативо

19:00 Еспањол – Алмерија
21:00 Осасуна – Барселона

Табела: Барселона 44 бодови, Валенсија 34, Реал Мадрид 32, Севиља 32, Атлетико М. 30

М.П.