Оваа година се навршуваат 100 години од раѓањето на големиот ликовен уметник Вангел Наумовски, едно од најсветлите имиња во поновата историја на Охрид. Врвен сликар со исклучителен талент кој Охрид го стави на светската уметничка мапа.

Што кажа за нашиот Вангел светски познатиот уметник Салвадор Дали пред децении во Париз, какво уметничко наследство ни остави тој, што го инспирираше да ги создаде големите уметнички дела, како светот разбра за Наумовски, зошто не го прими највисокото републичко одликување? За ова, но и за тоа како Охрид и Македонија ќе ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, за создавањето на прекрасниот мурал во близина на неговото ателје, погледнете го разговорот со Рубенс Наумовски, син на големиот охридски и светски уметник.

Г.М.
Фото: Приватна архива на семејството Наумовски