Фудбалерите на Кадино го освоија целиот плен во дуелот со Охрид победувајќи со минимални 1-0. Кадино до трите бодови стигна со гол од пенал во 20-та минута од натпреварот. На ударот од белата точка му претходеше катастрофална грешка во одбрана на целата екипа. Сигурен егзекутор на пеналот беше Кристијан Ивановски.

За „рибарите“ ова беше прв пораз на гостински терен после три нерешени средби без примен и постигнат погодок.

Во осмата рунда од второлигашкиот шампионат Охрид гостува во Дебар кај тимот на Кораб. Натпреварот се игра в сабота во 14:30 часот.

OhridNews