Со концерт што се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид го одбележа јубилејот 40 години од постоењето.
На концертот настапија неколку генерации играорци и музичари кои биле дел од ансамблот низ долгата традиција на негување на македонскиот фолклор. Како изгледаше јубилејниот концерт на КУД „Отекс“ кој се емитуваше во живо на интернет, може да видите од видеото подолу што го реализираше „2S“.
Низ игри и песни КУД „Отекс“ 40 години е чувар на македонската традицијата. Друштвото во овој период има реализирано бројни настапи и турнеи низ земјава и надвор од неа.
Г.М.