Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и копалицијата и се уште актуелен градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, прогласи победа во прв круг на локалните избори одржани денеска.
Во еуфорична атмосфера пред седиштето на партијата во Охрид, Пецаков се заблагодари на охриѓани за искажаната доверба, посочувајќи дека во трката за градоначалник извојувал убедлива победа.
Голема победа и благодарност на охриѓани за референдумската поддршка што ја добив, историски најголема поддршка што на некои локални избори се случила. Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги реализиравме во изминатите 4 години сега ќе бидат на уште повисоко ниво. Ќе ги реализираме капиталните проекти како што се полоштадот Чинар и катната гаража коишто веќе се тендерирани, а секако ќе продолжиме да работиме и на други проекти во сите сфери, изјави Пецаков.
Кирил Пецаков прогласи победа на Локалните избори 2025 во Охрид во прв круг
Г.М./НС.Ј./А.М.