Дијалогот е единствената алатка за консолидација на регионот и за европската интеграција на двете земји, рече на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и по оставрените тет-а-тет средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.

Отворен дијалог со кој се решваат отворените прашања од различни аспекти е од огромна важност и за регионалната стабилност, одружувањето на патот на мирот кој води кон просперитетна иднина не само за Србија и Косово, туку и за целиот регион, предлогот на ЕУ да ги нормализира односите на Србија и Косово и да придонесе кон севкупна стабилност. Ги охрабрувам страните да бидат конструктивни и да имаат продуктивен ден. Република Северна Македонија не случајно е избрана како земја домаќин на овој дијалог. Северна Македонија денес е препознаена како почитуван партнер на меѓународната заедница и фактор на стабилност на и фактор на стабилност во регионот, рече Ковачевски.

Потенцираше дека Владата спроведува политики на решавање, а не на создавање проблеми, а земјите во регионот имаат раководства кои се однесуваат европски, а нивните земји заслужуваат европска перспектива.

Токму затоа сега е вистински момент да се забрза евроинтегративниот процес кој е важен за исте земји од Западен Балкан. Нашата земја со поддршка од ЕУ постигне историски исчекор. Силно веруваме во дијалогот како единсвен пат кој води кон напредок и развој. Нашата стратешка цел е влез во ЕУ заендо со сите соседи. Местото на Западен Балкан е во ЕУ. Сите се залагаме за подобра иднина за целиот Западен Балкан потенцираше Ковачевски додавајќи дека дијалогот значи и отстапки.

 

Н.С.Ј.

видео. К.С.