Крабата се почесто може да се забележи во литоралот на Охридското Езеро, што само може да радува, со оглед на тоа што овој вид слатководен рак поради болест беше на раб на исчезнување. Утрово објективот на OhridNews фати краба на „прошетка“ во бистрите езерски води на градскиот кеј.
Крабата, или латински „Potamon fluviatile“, е слатководен рак кој се наоѓа во или во близина на пошумените потоци, реки и езера во Јужна Европа. Тоа е сештојад со широки еколошки толеранции, а возрасните обично достигнуваат големина од 50 mm за време на нивниот животен век од 10 до 12 години.
Инаку, во целото Охридското Езеро живее и Европскиот слатководен рак, кој е заштитетн вид и е забрането да се лови.
Г.М.











