Крабата се почесто може да се забележи во крајбрежниот дел на Охридското Езеро, што само може да радува, со оглед на тоа што овој вид слатководен рак поради болест беше на раб на исчезнување. Оваа краба беше забележана како „се шета“ на плажата Горица 2 пред да се врати во бистрите езерски води.

Крабата, или латински „Potamon fluviatile“, е слатководен рак кој се наоѓа во или во близина на пошумените потоци, реки и езера во Јужна Европа. Сештојад е со широки еколошки толеранции. Возрасните обично достигнуваат големина од 5 сантиметри за време на нивниот животен век од 10 до 12 години.

Инаку, во целото Охридското Езеро живее и Европскиот слатководен рак, кој е заштитетн вид.

Г.М./Н.С.Ј.