Фудбалерите на Охрид експресно им се вратија на победите во Втората македонска фудбалска лига-запад, совладувајќи го кичевски Велазерими со 2-1 (1-0). „Рибарите“ покажаа квалитет и карактер, бидејќи при резултат 0-0 останаа со фудбалер помалку. Со десет играчи во поле, охриѓани, прво поведоа со 1-0, а потоа и со 2-1, предност која ја задржаа до крајот.

Во следната рунда Охрид гостува кај тимот на Гостивар.

OhridNews