Росонерите со големи три бода се враќаат од гостувањето кај Лацио. Црвено-црните со 0-3 ги совладаа небосно сините и ја продолжија серијата од три порази. Пандев ги одигра сите 90 миниту во поразот за Лацио. Лидерот на табелата Интер неочекувано ремизираше со Торино играјќи 1-1.

Резултати: Наполи – Удинезе 2-2, Јувентус – Каљари 2-3, Аталанта – Катанија 1-0, Болоња – Фиорентина одложена, Киево – Сампдорија 1-1, Џенова – Палермо 1-0, Интер – Торино 1-1, Реџина – Рома 2-2, Сиена – Лече 1-2, Лацио – Милан 0-3

Табела: Интер 50, Милан 44, Јувентус 43, Џенова 40, Рома 37.

Дуелот на гигантите Енфилд Роуд му припадна на Ливерпул. Двата погодоци на Фернандо Торес во финишот на натпреварот беа доволни за триумф на црвените. Ливерпул оваа сезона на два пати го совлада Челзи во Премиер лигата. Њукасл пред своите гледачи ремизираше со Сандерленд играјќи 1-1.

Резултати: Ливерпул – Челзи 2-0, Њукасл – Сандерленд 1-1, Стоук – Ман Сити 1-0, Арсенал – Вест Хем 0-0, Астон Вила – Виган 0-0, Болтон – Тотенхем 3-2, Фулам – Порстмут 3-1, Хул – ВБА 2-2, Мидлзброу – Блекбурн 0-0, Ман Ју – Евертон 1-0

Табела: Ман Ју 53, Ливерпул 51, Челзи 48, Астон Вила 48, Арсенал 43

Казнената експедицијата на Барселона помина и низ Сантандер. Каталонците имаа негатива од 1-0 но со двата погодоци на Лионел Меси направија комплетен пресврт. Меси ќе остане запеметен во историјата на Барселона кој го постигнал 5000 погодок.

Резултати: Атлетик Билбао – Малага 3-2, Нумансија – Реал Мадрид 0-2, Атлетико Мадрид – Ваљадолид 1-2, Бетис – Гетафе 2-2, Еспањол – Рекреативо 1-1, Депортиво – Виљареал 3-0, Осасуна – Мајорка 1-0, Сантадер – Барселона 1-2, Валенсија – Алмерија 3-2, Спортинг Гијон – Севиља 1-0

Табела: Барселона 56, Реал Мадрид 44, Севиља 38, Валенсија 37,