Вицешампионот Челзи е се подалеку од трката за титулата во Премиер лигата. На „Стемфорд Бриџ “сините беа здржани од Хал играјќи без голови 0-0. Астон Вила продолжи во походот за 4-то место кое води во Лигата на шампиони. Избраниците на Мартин О`Нил триумфираа на тешкото гостување кај Блекбурн со 2-0.  Повторно јунак на Ливерпул е Фернандо Торес кој со погодок во 90-та минута обезбеди три бода за црвените.

 

Резултати:  Блекбурн – Астон Вила 0-2, Челзи – Хул 0-0, Евертон – Болтон 3-0, Сандерленд – Стоук 2-0, ВБА – Њукасл 2-3, Виган – Фулам 0-0, Портсмут – Ливерпул 2-3

M.П.