Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Барселона
се со една нога во полуфиналето на Лигата на Шампиони. По првите ¼
финални натпревари фаворитите славеа како гости , Манчестер во Рим со
0-2, Барса во Гелзеркинхен со 0-1.

Римската волчица играше, а “ѓаволите„ постигнуваа голови. По еден во двете полувремиња постигнаа Роналдо односно Руни.

Единствениот гол на мечот на Ауф Шалке арената беше дело на Бојан Кркич, кој со 17 години и 216 дена е вториот најмлад стрелец во лигата на Шампиони.

Топ 5 најмлади стрелци во историјата на ЛШ

17 години, 195 дена; Петер Офори- Уаје (Гана/Олимпијакос) 1 Септември 1997

17 години, 217 дена; Бојан Кркиќ (Шпанија/  Барселона) 1 Април 2008

17 години, 218 дена; Цеск Фабрегас (Шпанија/Арсенал), 7 декември 2004

17 години, 241 дена; Мартин Клеин (Чешка, Спарта) 27 Март 2002

17 години, 353 дена; Карин Бензема (Франција/Лион) 6 декемеври 2005.