Барселона и Спортинг се екипите кои обезбедија пласман во 1/8 фаза од ЛШ. Римската легија го запре Челзи, значајни победи на гостувањата остварија Бордо и  Панатенаикос .


Група А

Враќањето на Тоти ја разбуди римската волчица која со убедливи 3-1 го победи вицешампиоонот и еден од главните фаворити за освовување на титулата Челзи.



Бордо со головите на Гурков и на Вендел уште во првото полувреме обезбеди победа од 2-1 над романскиот преставник во Лигата на Шампиони Клуж.

Табела:
Челзи 7 бода, Рома 6, Бордо 6, Клуж 4
Наредно коло: Клуж-Рома, Бордо-Челзи

Група Б

Со голот во 81 минута џокерот Хулио Круз го спаси Мурињо од пораз во Кипар. Анортозис на двапати се врати од негатива и поведе но на крајот мораше да се задоволи со реми.



Панатенаикос го изненади Вердер во Бремен совладуавајќи го со 3-0.

Табела:
Интер 8, Анортозис 5, Панатенаикос 4,Вердер 3
Наредно коло: Интер-Панатенаикос, Анортозис-Вердер

Група Ц

Ремито 1-1 беше доволно за Каталонците да се пласираат во понатамошната фаза од Лигата на Шампиони. Барселона дојде во водство преку Меси, а до првиот бод во натпреварувањето швајцариците стигнаа во 83 минута преку Дердијук.

Дарлеи ја затресе мрежата на Шахтјор за три бода кои ја одведоа екипата на Спортинг Лисабон во елиминациската фаза



Табела:  
Барселона 10, Спортинг 9, Шахтјор 3,Базел 1
Наредно коло:Спортинг-Барселона, Шајктор-Базел

Шведскиот судијата Хансон ги спаси црвените од пораз поклонувајќи им пенал во судиското надополнување. Атлетико со голот на Родригез имаше водство се до крајот на натпреварот кога Џерард погоди од белата точка за 1-1.


Марсеј на домашен терен го солвада ПСВ со убедливи 3-0.Два пати беше прецизен Нианг а еднаш мрежата ја затресе Коне.

Табела:
Ливерпул 8, Атлетико М. 8, Марсеј 3,ПСВ 3.

Наредно коло:Атлетико М-ПСВ, Ливерпул-Марсеј

М.П.