Завршија натпрварите по групи во елитната лига на Шампиони. 16 тима продолжуваат во елиминациската фаза,додека осум тима продолжуваат во Уефа купот.

Група Е

Манчестер Јунајтед – Алборг 2-2,
Селтик – Виљареал 2-0



Табела: Манчестер 10 бодови, Виљареал 9,  Алборг 6, Селтик 5.

Манчестер Ј. и Виљареал одат во наредната фаза, додека Алборг оди во Уефа купот.

Група Ф
Победа вредна прво место извојвува Баерн М. кај Лион, додека Фиорентина со победа го завери местото во Уефа купот.

Стеауа – Фиорентина 0-1
Олимпик Лион – Баерн Минхен 2-3



Табела: Баерн М. 14 бодови,Лион 11 ,  Фиорентина 6, Стеауа 1.

Група Г
Триумфот над топџиите, Порто го исфрли на првото место.

Порто – Арсенал 2-0
Динамо Киев – Фенербахче 1-0

Табела: Порто 12 бодови, Арсенал 11, Динамо К. 8, Фенербахче 2.

Порто и Арсенал одат понатаму во втората фаза, додека Динамо К. оди во Уефа.

Група Х
Хунаде Рамос со победа стартуваше на клупата на Реал.Јуве и со бод го осигура првото место.

Јувентус – БАТЕ Борисов 0-0
Реал Мадрид – Зенит 3-0

Табела: Јувентус 12 бодови, Реал Мадрид 12, Зенит 5, БАТЕ 3.

Ждербката за 1/8 финалните натпревари е на 19 декември, додека првите натпревари се играат на 24/25 февруари.

ohridnews