Јувентус е третата екипа која после Барселона и Спортинг обезбеди пласман во 1/8 финалето.

Немаше победник на натпреварите во Е групата каде европскиот првак Манчестер се спасуваше во финишот на мечот против незгодниот Селтик. Келтите го отворија резултатот со голот на Мкдоналд, Рајан Гигс ги постави конечните 1-1.


Шпанците на два пати имаа предност од еден гол но упорните данци не се предадоа а плод на таквата игра беше ремито 2-2.

Виљареал и Манчестер со една нога се во наредната фаза додека за место во уефа ке се борат Селтик и Алборг.

Табела:
Манчестер Јунајтед 8 бодови, Виљареал 8, Селтик 4,  Алборг 2

Наредно коло:
Виљареал-Манчестер,  Алборг-Селтик

Францускиот шампион Лион беше единствената екипа која извојува триумф на домашен терен со головите на капитенот Жунињо и Реверије ја совладаа Стеуа со 2-0.


Без победник 1-1 заврши натпреварот на Артемио Франки. Виолетовите поведоа во првиот дел преку Муту а конечните во вториот дел ги постави Боровски.

Табела:
Баерн 8 бодови, Лион 8, Фиорентина 3, Стеауа 1

Наредно коло:
Баерн-Стеуа, Фиорентина-Лион

Единствениот натпревар без голови во денешните натпревари се одигра на Емирати, топчиите не успеаа да го скршат отпорот на турскиот Фенербахче.


Шампионот од 2003 Порто со пресверт стигна до трите бода на гостувањето во Киев кај Динамо. Милевски го отвори резултатот, пресверотот го најави Роландо а го комплетираше Лучо Гонзалес во судиското надополнување.

Табела:
Арсенал 8 бодови, Порто 6, Динамо5, Фенербахче 2

Наредно коло:
Фенербахче-Порто, Арсенал-Динамо

Мајсторот на фудбалска игра Алесандро Дел Пиеро уште еднаш ги искажа своите вонсериски квалитети. Капитенот на старата дама по еднаш во две полувремиња го совлада моментално голманот број еден Касилас.


Актуелниот освујувач на купот на Уефа Зенит се врати со полн плен од гостувањето кај белорускиот првак Бате Борисов. Стрелци на головите во победата од 2-0 беа Погребњак и Дани.

Табела:
Јувентус 10 бодови, Реал 6,Зенит4, БАТЕ 2

Наредно коло
Зенит-Јувентус, БАТЕ-Реал

Наредно 5-то коло се игра на 25 ноември.

М.П