Ливерпул, Атлетико и Интер се последните патниците во елиминациската фаза од лигата на шампиони по синокешните натпревари.

Волчицата со огромни три бода се врати од гостувањето во Романија. Бриги на два пати и еднаш капитенот Тотти ја затресоа мрежата на романскиот преставник Клуж, Бордо остана во игра за место во наредната фаза, откако Диара во финишот на мечот ја поништи предноста на “сините“



Табела:
Рома 9 бодови, Челзи 8, Бордо 7, Клуж 4

И покрај поразот од Панатенаикос од 0-1 нероазурите на Мурињо обезбедија пласман во понатамошната фаза, Анортозис прокоцка предност од два гола,Вердер преку Диего и Алмеида во финишот на мечот стигнаа до израмнување.


Табела:Интер 8 бодови, Панатенаикос 7, Анортозис 6 , Вердер 4

Шахјтор со пет гола го почасти Базел, најзаслужен за победата беше Жадсон кој постигна хет трик.
каталонците на гостувањето во Португалија со победа од 5-2 го осигураа првото место во групата.


Табела: Барселона 13 бодови, Спортинг 9, Шахјтор 6, Базел 1

Атлетико пред празни трибини го совлада ПСВ со 2-1, додека голот на Џерард беше доволен за три бода и пласман во нок аут фазата



Табела: Атлетико 11 бодови, Ливерпул 11, Марсеј 3 , ПСВ 3