Српскиот првак Партизан одигра возбудливо 2-2 реми со Андерлехт во првиот меч од баражаот за пласман во Лигата на Шампиони.


Гостите поведоа преку Жиле, а на 1-1 изедначи Клео. Спектакуларен автогол си постигна Лецјкас, додека една минута подоцна конечните 2-2 ги постави Јухас.

Вердер оствари комотна предност над Сампдорија победувајќи со 3-1, со минимални 1-0 Базел го победи Шериф, а Брага ја совлада Севиља. Најбогатиот натпревар со голови го одиграа Салцбург – Хапоел Тел Авив 2-3, што беше единствената победа на гостите во овие бараж средби.