Одиграни се првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони :

Ливерпул со минимални 1-0 го совлада Реал Мадрид на Сантиаго Бернабе. Јоси Бенајун во финишот на мечот беше стрелец на победничкиот гол.

Екипата на Баерн е првиот патник меѓу најдобрите осум во Европа. Баварците го торпедираа Спортинг со високи 5-0. Француско – италијанската врска Рибери и Тони на два пати ја затресоа мрежата додека еднаш погоди Клосе.

Челзи со минимална предност ќе патува на реваншот, откако на домашен терен го совлада Јувентус (1-0). Дрогба во првиот дел го постигна погодокот за минимален триумф на сините од Лондон.

Резултати:

Реал Мадрид – Ливерпул 0-1 ( 82` Бенајун)

Челси – Јувентус 1-0 ( 12` Дрогба)

Виљареал – Панатинаикос 1-1 (67` Роси (п) – 57` Карајунис)

Спортинг – Баерн Минхен 0-5 ( 42` 63` (п) Рибери, 56 ` Клосе, 84`, 90` Тони)

Реванш натпреварите се на 10. Март

М.П.