Познатиот музичар, композитор, аранжер и хармоникаш, маестро Кирил Аслимовски, неодамна промовираше ново музичко иструментално дело, заедно со видеоспот, насловено како Свети Наумско оро.

Ова инстриментално музичко дело, преовладува со чисти исконски и изворни Македонски фрази, во кое маестро Кирил е препознатлив во своите музички дела.

Музиката и аранжманот ги напиша Маестро Кирил Аслимовски како и рекординг, икмсинг и мастеринг кој ги изработи во неговото професионално “ACCORDION+STUDIO”.

Видео спотот го снимаше и изработи Стојан Стојаноски а со своја кореографија го збогатија играорците од КУД ФАЛАНГА Лескоец.

Видео спотот изобилува со богат Македонски фолклор, кореографија како и уникатна природна убавина која ја има во манастирскиот комплекс Свети Наум.

Уживајте во ова прекрасно музичко дело на маестро Кирил Аслимовски.

Маестро Кирил Аслимовски посвети оро на Св. Наум Охридски

OhridNews