Политички инцидент се случи на полувремето од мечот од десеттата рунда во македонското фудбалско првенство помеѓу Напредок и Шкендија, кога навивачите на Шкендија го симнаа од јарболот македонското знаме и на негово место го поставија знамето на Република Албанија.Невладината „Разбуди се“, во Скопје пред спрската амбасада протестираше поради палењето на албанското знаме на фудбалскиот натпревар Италија – Србија во Џенова. Дали „Разбуди се“ ќе протестира и поради ваквиот испад на навивачите на Шкендија во Кичево, кога на земја беше фрлено знамето на Македонската држава.












