Претседателот на Уставниот совет, Лоран Фабиус, утрово на свечена инаугурација го прогласи Емануел Макрон за нов претседател на Франција. Во својот говор, Макрон порача дека ќе ја врати позицијата на Франција на глобалниот индекс.
„Франција е силна само ако е просперитетна. Франција ќе биде модел за светот само ако стане пример. Ќе му го вратиме вкусот за иднината на народот, и гордоста за она што се. Целиот свет со внимание ќе ги проследи одлуките на Франција бидејќи заедно ќе ги поминеме сите пречки и стравови“, порача Макрон.
Според Макрон, ова е време на нова ренесанса за неговата Република. „На светот му треба она што Франција секогаш го проповедала. Но, со децении Франција се двоумеше во самата себе. Сега на светот и на Европа Франција им е потребна повеќе од било кога“, потенцираше новиот француски претседател.
Емануел Макрон во вториот претседателски круг, со огромна разлика ја победи противкандидатката Марин Ле Пен и стана најмладиот претседател во историјата на државата.
OhridNews
Макфакс