Манчестер Јунајтед го освои Англискиот супер куп трофејот „Комјунити Шилд“ Црвените ѓаволи го совладаа Портсмут (3-1)дури по изведувањето на пенали , откако мечот во кој доминира заврши без голови 0-0.
 


Тевес, Гигс и Керик беа стрелци за англискиот шампион, додека Диара,  Мвемба и Џонсон промашија кај Портсмут, единствено Дефо беше прецизен.


Втора година по ред Манчестер триумфира во ова наптреварување. Мината година исто така на пенали совладан беше Лондонскиот  Челзи.

М.П.