Десеттина пливачи пливаат во група и се менува водството на маратонците на нешто по повеќе од час и половина по означување на стартот на 37. Охридски пливачки маратон. Маратонците во моментов се до Трпејца.

Боите на Македонија ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски во машка конкуренција, додека Росана Гошева во женска. Покрај домашните пливачи, на маратонот учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово.
Температурата на водата е 24,5 степени, а дува северен ветер што ќе им претставува проблем на пливачите. Со оглед дека ветерот дува во спротивен правец маратонците, првите пливачи се очекува да бидат на целта некаде по 17:30 часот.
Наградниот фонд на маратонот изнесува 12000 евра, од кои 2000 се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови кај Пештани на 13 km и Метропол на 19 km. Оваа година маратонската трка е дел од престижната „LEN World Aquatics“.
Н.С.Ј.
фото. Г. Момироски
видео. А. Момироска










