По околу 1 час и 15 минути од стартот на 39. Охридски пливачки маратон и испливани 5 километри маратонците стигнаа до втората контролна точка кај Св. Богородица Захумска. Маратонците пливаа во група а водството се менуваше.

Во првата петорка беа двајцата италијанци Алесио Окипинти и Николо Ричарди, Филип Лакас од Канада, како и аргентинката Мајте Ајлен Пука. Маратонците продолжија кон Трпејца.

Патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид ја пливаат пет натпреварувачки во женска и единаесет во машка конкуренција.

Се очекува првите пливачи на целта, на Градското пристаниште, да пристигнат околу 16 часот.

OhridNews