Руската тенисерка Марија Шарапова ја шокираше спортската јавност откако на вондредната пресконференција обелодени дека паднала на допинг тест на гренд слем турнирот Австралија Опен.


Некогаш најдобрата тенисерка моментално 17-та носителка на АТП листата на Австралија Опен позитивна била на супстанцијата „Мелдонијум“ која го подобрува метаболизмот.

Русинката тврди дека оваа супстација ја користи од 2006 година поради одредени здраствени проблеми.

– Паднав на тестирањето и вината ја преземам целосно. Го земам лекот последниве десеттина години, кој, пак, пред некое време е ставен на негативна листа, а јас незнаев. – рече Шарапова.

Дополнително дисциплинската комисија во женскиот тенис ќе и изречи казна на Шарапова која се надева дека пак ќе и се врати на тенисот.

OhridNews