Марко Пејчиноски кој утрово започна да го препливува Охридското Езеро, во моментов се наоѓа помеѓу Заум и Трпејца. Засега му оди одлично, иако временските услови не се најидеални, Дува северен ветер и има бран. Сепак езерото полека се смирува, што веројатно ќе му олесни на Марко да истрае во подвигот.