Милан го победи Наполи со 3-0  во супер дербито во Серија А и им побегна на “аѕурите“ на шест бода, оставајќи ги на третото место. “Росонерите“ отпорот  го скршија во вториот дел, по контраверзниот пенал, кој во гол го трансформираше Ибрахимовиќ. Потоа погоди Боатенг, а точка на и, стави Пато со единаесетиот гол сезонава.

Милан во наредното коло го оечкува уште една дерби пресметка и тоа против Јувентус во Торино.