Видео клип поставен на You tube на кој во поле во штипско Карбинци од птичја перспектива се гледаат чудни овални траги, од непознато потекло, предизвика големи полемики во јавноста и на социјалните мрежи, од тоа дека вонземјани ја посетиле Македонија, до тоа дека се работи за траги направени од некакво механичко дејство.
„Летам од 2004-та и сум летал над цела Македонија. Никогаш не сум видел ништо слично! Ова е снимено за време на пробен лет над Крабинци, штипско, во саботата на 1-ви јули 2012“, вели корисникот кој го постави видеото на You tube, пренесува порталот „Кајгана“.
Чудната случка во штипско е тема на бројни форуми во земјава и надвор од неа кои се занимаваат со натприродни појави. На еден од пореспектабилните форуми сретнавме интересно толкување, дека во полето во Карбинци всушност е исцтан митскиот знак „Тринити“, што во превод значи создател – Бог. Пораката според упатените форумџии претставува просперитет.
Во Македонија ваква појава е забележана за прв пат, но не е непозната во светот. Овој митски знак често се забележува во Мексико и други делови на латинска Америка, како и во делови на Европа. Несекојдневната појава со години е предмет на документарни филмови, книги и научни натписи. Оние кои веруваат во приказната сметаат дека таа е креирана од непозната сила, некакво енергетско поле, додека, скептиците се на мислење дека тоа е дело на човекот, односно знаците се направени со некакво механичко дејство.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.