Здружението Институт за Развој на Заедницата (ИРЗ) од Тетово деновиве во хотел „Бисер“ во Струга ја организира втората по ред Национална Младинска Конференција “Заеднички Визии 2011”.

На конференцијата, која е поддржана од Обединетите нации, учествуваат 45 млади од осум градови од Македонија. Тие учат за мултикултурните вредности, разбирањето, дијалогот и соработката, но и стекнуваат вештини кои ќе им овозможат да бидат активни чинители во општественото живеење во Македонија.

OhridNews