Владо Илиевски со италијанската Монтепаски Сиена му го нанесе вториот пораз на европскиот шампион, грчкиот Панатенаикос со 84-75. Во преполната сала на спортови во Сиена со победата “банкарите“ имаат 3-0 скор и со една нога се во четвртфиналето на Евролигата.
Најефикасни во победничкиот тим беа Батси Тронтон со 23 и Мекинтаер со 13 поени.
Македонскиот репрезентативец Владо Илиевски на паркетот мина 15 мин постигнувајќи 8 поени (1/6, 0/1,6/6) имаше два скока и 2 украдени топки.
Во наредното коло Илевски со Монтепаски ќе гостува во Белград кај Партизан .










