Традиционално веќе неколку години децата од градинките и од основните училишта од Општина Охрид во месец февруари месецот посветен на ретките болести со преработка на некој светски музички хит се солидаризираат и ја покажуваат својата емпатија не само кон нивните другарчиња со ретки болести, туку и кон предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат.




Како што порачуваат децата, доколку возрасните (институциите) се грижат за децата и децата ќе се грижат да создадат похуман свет во кој ќе стареат возрасните и секако свет во кој секој би имал шанса за многу поубав и поквалитетен живот. Во песничката се вели “тука сме само јас и ти“ и одговорност на возрасните, односно институциите и креаторите на политики е да создадат поубава иднина на децата, а децата имаат право да го побараат тоа од нив, без да бегаат од одговорност или да ги оставаат работите за некое ново и поубаво “утре”, вели Лолеска.

Потоа во 2017 година, ја напишав музиката за песната “сите сме исти” за финалистите на талент шоуто Охрид Супер Стар. Оттогаш наваму како аранжер и продуцент на две песни за хорот Гердан од Бисери и многу други активности за промоција и поддршка на децата со ретки болести. Годинава заедно со моите “К-2 Ѕвездички “, на идеја на Гордана Лолеска направивме кавер верзија на легендарната “We are the world” со која ќе пренесеме една силна порака за подршка на ретките, потенцира.
И оваа година, по шести пат детскиот хор при КУД „Ѓердан од бисери“, се вклучува во кампањата за подигнување на свеста за ретките болести, вели Татјана Узуноска Тренеска – уметнички раководител.
Нашата поддршка е постојана, детската песна допира длабоко во нашите срца, и секоја година нестрпливо чекаме да ги обоиме рацете и да покажеме хуманост, благородност, искрени детски насмевки и порака дека сите сме исти… дури и кога мислиме дека не сме, истакнува Узуноска Тренеска.

Кога се работи со деца и за деца секој збор за поддршка што ќе го кажам е малку. Јас само успеав да го извлечам најдоброто од сето тоа што го покажаа на сцена и да го изработам спотот. Всушност децата и нивната енергија ми беа најголема инспирација која постојано ме движи напред кој создавање на еден поубав свет, вели Димоски.
Песната е креативен начин да се изрази поддршка од страна на група дечиња на лицата кои се справуваат со ретки болести, особено на децата кои боледуваат од некоја ретка болест.
OhridNews













