Невообичаено големо јајце нашол охриѓанецот Сашо на својата мини фарма. Тоа било значително поголемо од другите, нормални јајца, а подоцна се утврдило дека се работи за јајце во јајце.

Необичната, но природна појава, тој ја документирал со видео запис.

Настанот се случил пред околу два месеца на мини фармата на Сашо која брои десет кокошки и еден петел, кои како што вели тој, ги храни исклучиво со природна храна.

OhridNews