Градскиот плоштад во Охрид изминатиот викенд беше највелесиот плоштад во светот и пулсираше во ритамот на забавата и солидарноста. Стотина дечиња зедоа учество на традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“. што по 12 пат се одржа во организација на Црвен крст Охрид, Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и Аптеки „Виа Фарм“.

Тие испратија најубави пораки исполнети со детска љубов, солидарност и позитивна енергија, а атмосферата од настанот ја долови креативното видео во продукција на „Digital Box“.

Највеселиот плоштад во Охрид

OhridNews