На Youtube денеска е објавено аматерско видео од прославата на Богојавление-Водици во селото Велгошти, на кое може да се види недолично однесување на верниците кои во осветените води го чекаат фрлењето на крстот.
Поради нестрпливост, дел од нив гласно го довикувале свештеното лице да го фрли крстот и го испрскале со вода.
Но и покрaј немилиот настан, свештеникот го фрлил крстот во водата, а најсреќен помеѓу капачите бил Кире Пердулоски.
OhridNews











