При секој поголем дожд водата наместо во каналот ископан за таа намена, се излева на магистралниот пат Охрид-Битола кој поминува низ селото Косел.
Вака е веќе 15 години, велат локалните жители. Додаваат дека пред 5-6 години екипи на Македонија пат извршиле делумно чистење, но проблемот не бил решен.
Проблемот редовно се пријавува во Македонија пат и ЈП Водостопанство, но решение нема, истакнуваат жители на Косел.
Коселчани најавија дека следната недела ќе ја известат и Општина Охрид во надеж дека ќе им се помогне да биде решен долгогодишниот проблем.
Г.М.