По пауза од две и пол години во Охрид ќе се организира полагање на испит за управување со пловни објекти за спорт и рекреација. Предвидени се повеќе термини, првото полагање ќе се одржи на 30 мај, а пријавувањето за испитот е во тек, истакна во емисијата „Интервју“ на Охридњуз првиот човек на Капетанијата на пристаништата на Македонија Илија Арнаудоски.
Целата емисија може да ја погледнете тука.
Г.М.