Невреме проследено со врнежи од дожд, град на места и грмотевици, попладнево беснееше во повеќе региони од земјата.

Во Неготиво освен голема количина дожд паѓаше и град со големина на орев. За кратко време улиците во градот беа претворено во реки.

Невреме попладнево имаше и во Скопскиот регион. Поројниот дожд однесе речиси половина улица во населбата Кисела Вода, каде во тек биле градежни работи.

Слично време не очекува и во четврток, најавуваат метеоролозите. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

OhridNews