Доволни беа само два митинга во првите два дена од изборната кампања за претстојните локални избори за нашите политичари да не убедат дека и овојпат битката за власт ќе ја водат жестоко и без многу респект за противниците.

Во понеделникот на митингот на владејачката коалиција, премиерот Никола Груевски го насмеа илјадниот народ на плоштадот „Св. Климент Охридски“ раскажувајќи анегдотата за средбата на охридскиот градоначалник со синот на индискиот милијардер Субрата Рој кој подготвува милионска инвестиција во Охрид, што наиде на критики кај Петрески.


Градоначалникот Петрески возврати на синоќа одржаниот митинг, исто така на централниот плоштад во Охрид. И повторно преку приказната за индискиот инвеститор.


Во свој препознатлив елемент на митинг во Охрид беше и лидерот на Сојузот на ромите Амбди Бајрам, кој својот политички ривал Самка Ибраимоски го нарече „Самка сламка“ и му укажа дека неговите коалициони партнери го завеле.

– И него го излажаа, но ќе го вратиме Самка во нашата коалиција за да не пие од сламка, туку од чаша-рече Бајрам.

Ако почетокот е ваков, каква ли кампања не очекува до изборите на 24 март?

OhridNews