Деновиве започна промотивната кампања за Динарските паркови, чиј дел е и Националниот парк Галичица.
Спотот за кампањата оди истовремено во сите држави учеснички во проект от за промоција и создавање бренд на Динаридите во организација на WWF.
Во проектот учествуваат Националните паркови од Р.Македонија (Галичица, Маврово и Пелистер).
После завршување на промоцијата на тв спотот во сите држави Р.Македонија т.е. Македонските Национални паркови во почетокот на јуни ќе бидат домаќини на студиска посета од другите Национални паркови од Динарскиот регион.
Студиската посета воедно ќе биде подржана од тв екипи од државите на Динаридите, при што Македонските национални паркови и Р.Македонија ќе имаат ексклувизитет за промоција на државните телевизии на земјите учеснички, информираат од НП Галичица.