Охриѓанецот Влади Лукан, кој свири пијано од својата 13 година, направи инструментална преработка од познатиот хит на Оливер Драгојевиќ „Магдалена“. 23-годишниот Влади кој е самоук музичар, сними и видео кое го сподели на You tube.

-Се работи за оригинална изведба на песната „Магдалена“, целосно изработена по слух. – вели музикалниот Влади.

Како звучи „Магдалена“ во негова изведба погледнете го видеото.