И ова лето Охрид нуди забава за секој вкус. Понудата е шарена, но во мноштвото настани се издвојуваат неколку супер квалитетни кои прават разлика во вистинска смисла на зборот. Дефинитивно еден од нив е двојниот концерт на Владимир Четкар на десеттина километри од Охрид во уникатниот амбиент на „Monastery Winery“ во Опеница.

Публиката изминатите две вечери имаше ретка можност да ужива во авторската музика на светски познатиот џез и фанк изведувач, кој со својата харизма и непосредност креираше атмосфера за паметење.

Охрид е гладен за квалитетни културни настани

Г.М./К.С.