Охрид ни годинава не го заборави Тоше. Традиционално, на иницијатива на Лајанс клубот Лихнидос и бродот „Армада“ точно напладне се огласија сирените од бродот на градското пристаниште, додека во позадина се слушаше песната „Боже, чувај ја од зло“.
Вака Охрид се потсети на македонскиот ангел Тоше Проески кој пред осумнаесет години на 16 октомври, кобното утро кај Нова Градишка го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески ќе остане запаметен не само по неговите големи хитови, туку и по големината на неговото срце. Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.
Во животниот пат на Тоше ќе останат запишани бројни хуманитарни дела, спомените на насмевките кои ги предизвикуваше каде и да се појавеше и споменот на неговото ангелско лице.
OhridNews