Старт со победа за скопски Еуромилк кој на гостувањето во Охрид беше поуспешен од Охрид Лоте со 3-2. До трите бода “ млекарите“ стигнаа благодарение на расположениот Сребренов кој беше нерешлива енигма за охридската одбрана. 


Сребренов на два пати ја тресеше охридската мрежа, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Бујчески. Стојкоски И Толески погодува за моменталните изедначувања.

Во втората рунда, “градежниците“ гостуваат кај Миравци.

Мх.П.