Охрид лулка на христијанството со непроценливо богатство од многубројните цркви и манастири, Балкански Ерусалим, „град на светлината“, кој според легендите во минатото имал 365 цркви, колку и денови во годината.

Неповторливата убавина на охридските цркви, на нивниот ненадминат живопис, говорат дополнително за важноста на градот за христијанската култура. Сакралните објекти во Охрид ги красат ремек дела на врвни зоографи, фрески во византиски стил од почетокот на ренесансата околу 150 години пред Џото во Италија, кој се смета за зачетникна ренесансата.

Охрид е една од ретките духовни престолнини каде истовремено живееле двајца светители, Св. Наум и Св. Климент Охридски кој на Плаошник го основал првиот универзитет во Европа. Култот кон светите Наум и Климент се уште е силен во Охрид. Нивните светилишта се чувари на традицијата, а нивниот дух заштитнички бдее над градот покрај Охридското Езеро.

Духовната убавина на Охрид низ објективот на OhridNews.

OhridNews