Без победник 2-2 заврши првиот меч во вториот круг меѓу Охрид и Ренова, одигран попладнево во Охрид. Пројков и Димоски погодија за “белите“, додека Гафури и Андонов ја затресоа мрежата на Костунаров.

Охрид по 12 одиграни рунди се наоѓа во горниот дел на табелата на петтата позиција.