Точно напладне, од бродот Армада на градското пристаниште во Охрид денеска одекна песна на Тоше Проески, во знак на сеќавање на најголемата македонска музичка ѕвезда, кој трагично го загуби животот на денешен ден пред 19 години.


Иницијативата е на Лајонс клубот „Лихнидос“, кој веќе со години на 16 октомври на овој симболичен начин во Охрид го чува споменот на Тоше и неговото музичко наследство.

Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 26-годишна возраст. Деветнаесет години подоцна, неговите песни и неговиот глас остануваат дел од колективната меморија на Македонија и регионот.

OhridNews