Пред една година на охридската музичка сцена се појави бендот „Броз“ кој за краток период ги освои симпатиите на публиката. Оригинални, уникатни и непосредни, момците од „Броз“ прераснаа во вистински шоу-мајстори, чии забави треба да се доживеат и се прераскажуваат.

Бендот го сочинуваат: Владимир Сарафилоски – вокал, Климент Наневски – гитара, Христијан Томевски – гитара, Бојан Лушкоски – саксофон и Александар Труфуноски – кахон.

За почетоците, музиката, свирките во охридските кафулиња и клубови и идните планови разговаравме со дел од екипата на „Броз“, но и со охриѓани кои ни ги пренесоа своите погледи за младиот и перспективен музички состав кој, меѓу другото, ја негува македонската музика.

Првиот роденден „Броз“ ќе го прослават со голема забава на плажата „Кадмо“ во четврток, 23 мај, со почеток во 22 часот.

OhridNews