Традиционално и оваа година членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“ од Охрид, големиот христијански празник Велигден го одбележаа под вода. Празничниот обичај на кршење со велигденски јајца тие го изведоа во водите на Охридското Езеро. На овој начин тие на православните верници и гостите во Охрид им ги честитаа Велигденските празници.
Охридските нуркачи го прославија Велигден под вода